Силниот ветар скина спроводници за струја во Скопје и Куманово
Во делово од Скопје и Куманово синоќа немаше струја поради штетата која ја нанесе силниот ветар.
Од ЕВН потврдија дека скршените дрвја и гранки придонеле да се скинат спроводни кабли.
Најмногу дефекти имало во северениот дел од Скопје. Покрај скинати проводници, на некои места имало и паднати столбови.
„Екипите веднаш интервенираа и во најкраток рок беа санирани прекините на струја“, велат од ЕВН.
Слично
