СИЛНА ПОРАКА: Ред оптимизам, ред внимателност!
Љупчо Арсовски: Силна европска порака, со доза оптимизам и внимателност!
Изјавите на претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, за време на неговата прва посета на Скопје, по повеќе од една деценија се уште една потврда дека Македонија направила очигледен прогрес за спроведувањето на реформите и посветеност во решавање на спорот со името- вели за Фактор, Љупчо Арсовски, првиот амбасадор на Македонија во Грција. Сепак смета дека изјавата покрај доза оптимизам има и одредена внимателност.
“Секако македонската јавност со голем интерес ги прими изјавите на претседателот на ЕК, Јункер кој што заедно со еврокомедарот Хан, ја започнаа токму од Македонија нивната ,,турнеја,, низ некои земји на Западен Балкан. Лично верувам дека изјавата на Јункер имаше мошне оптимистички карактер, навистина без конкретен датум, но со близок и кус период во кој Македонија треба продолжи со реформите. Нагласи дека така Македонија ќе го добие очекуваното и дека препорака нема да биде условена. Имаше извесна конкретност во препораката, македонските власти да го решат спорот со името со јужниот сосед. Ова секако важи и за Грција која треба да се труди и да продолжи со напорите да се реши спорот”- вели Арсовски.
Овие внимателни коментари на Јункер според неговата проценка се желба претставниците на двете земји да се вратат на преговарачка маса и да престанат изјавите во jавнoста кои предизвикуваат бура низ медимите.
“Значи, ова одредено ветување за отпочнување на преговори со ЕУ за наше пристaпувањe во Унијата , е мошне значајно. Тоа е поврзано со нескриенaта желба, намера и поддршка, Република Македонија да биде примена на овогодишниот самит на НАТО во оваа организација. Изјавите кои течеа низ медиумите и во двете земји Македонија и Грција, врзано за преговорите, бездруго беа многу поприсутни низ грчкиот етер. Тие внесоа голема загриженост околу изнесување на разни позиции, комбинации, барања на грчката страна. Ова не е својствено за една европска земја која низ пароли сака мир и стабилност на Балканот, а на специфицен начин се грижи (мислам на актуелната коалициона власт во Грција) за своите глсачи, изнесувајќи и ветувајќи познати тврди позици кои сме ги виделе во минататото. Впрочем заради таквите ставови или позиции, непристојни, чудни, груби па дури и агресивни, разговорите мегу двете земји под покровителство на ОН траат веќе 25 години”-додава Арсовски.
Дали она што не беше решено за четврт век ќе се реши на некаков начин во јуни оваа година според него е прашање кое сите си го поставуват . Новата македонска влада, вели поранешниот амбасадор покажа отворање на нова позитивна страница особено во соработката со соседните земји.
“Ова беше препознанено од страна ЕУ и секако САД кои се подготвени да поддржат заеднички прифатливо решение но кое не може да задира во Уставот , во идентитетот , јазикот и секако фактот дека нашата земја е признаена од 138 земји кои се и членки на ОН. Секогаш упатувам на читање на Времената согласност од 1995 г, која дојде по резолуциите 817 и 845 а најголемата потврда за нашиот правилен однос кон сосоедна Грција дојде токму од Пресудата во Хаг , што секако ја става Грција во непријатна позиција која сега сака да ја замени или да направи ,,контра удар ,, со гласни размислувања за варијанти на ,,црвените линии,, , Потврда е секако и несреќната најнова изјава на Ципрас за тоа дека на Грција не и се брза и дека ние сме тие кои треба да прифатиме услови . Тоа е тешко остварливо во мегународните односи”- објаснува Арсовски.
Очекува мудрост на нашиот преговарачки тим и конечните одлуки на државниот и политички врв да бидат во тој дух. Според него безбедноста и стабилноста на овој дел од Балканот е значајна за НАТО и ЕУ земјите и од таму ваква интензивна активност.
С.Б.
