Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силјановска за „Капитал“: Треба да ги подобриме сите врски со Бугарија

Силјановска за „Капитал“: Треба да ги подобриме сите врски со Бугарија

Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Македонија, во денешното интервју за бугарскиот „Капитал“ вели дека Македонија и Бугарија треба да ги подобрат меѓусебните односи, комуникации и врски на сите нивоа, а не само на економски план.

- Бугарија е членка на ЕУ и НАТО и ние го следиме вашиот пат. Ние сакаме пријателството да се продлабочи, но, исто така, бараме соодветна помош да одиме по истиот. Мој приоритет ќе биде подобрување на односите со Бугарија, не само за зајакнување на економските врски, но и за културните, спортските, академските и меѓучовечките односи. Ние сме блиски народи и природно е да соработуваме и добро да се согласуваме - рече Силјановска.

Според професорката, досега, големо значење им се давало само на највисоките државни претставници и договорите помеѓу политичките елити на двете земји, додека помалку во развојот на контактите во сите сфери и на сите нивоа. 

- Во таа смисла, ќе се потпрам на подобрување на патната инфраструктура (не само за стоки и трговија, туку и за граѓаните), отворање дополнителни и модерни гранични премини, работа со владата за зајакнување на економската дипломатија и да се најдат средства за Коридор 8, развој на туризмот, итн. Имам план и проекти за поврзување на младите преку функциите и надлежностите на претседателите на двете земји. Младите луѓе се иднината на нашиот регион и многу е важно да ги поврземе - додаде таа.


Слично

Поврзани вести