Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силјановска за историјата: Мила претпочита географија, па реши да им ја поттуриме на соседите

Силјановска за историјата: Мила претпочита географија, па реши да им ја поттуриме на соседите

Министерката за образование Мила Царовска најави можно интегрирање на некои предмети па и на историјата со некои други науки што беше дочекано бурно во јавноста особено сега, во специфичниот момент. Професорката Гордана Силјановска Давкова во свој пост ја споредува Царовска со Хера, а премиерот Зоран Заев со Зевс.

„Аман од таа историја!

Министерката Царовска, небаре Хера, за неполни четири „постреволуционерни“ години, со помош на Зевс (Заев), протрча низ социјалната политика и труд, се впрегна во економијата и стигна во „ својата“ област - образованието. Веднаш реши да ги „ослободи“ децата од досадната и конфликтна национална историја, поврзувајќи ја со општествените науки. Посака да ги „спаси“ еднаш засекогаш од „ПОГРЕШНОТО ТОЛКУВАЊЕ“, кон кое сме „склони“ и од кое „страдаме“ ние, Македонците. Чуму ни е премногу историја, што би рекол Черчил, зошто пријателски да не ја споделиме со соседите, оти тие, како членки на ЕУ се „докажани“ историски нации, што „ПРАВИЛНО“ ЈА РЕВИДИРААТ ИСТОРИЈАТА, а ние, заради претешкиот историски товар, не можеме да се придвижиме кон ЕУ! Колку „грешеле“ оној Орвел и Сантајана..

Како припадничка на Преспанската каста, Мила претпочита географија, а не историја. Реши да им ја оставиме, па и „поттуриме“ на соседите и „да го решиме“ македонското прашање! Во аргументацијата се повика на примерот на Финска, позната по одличниот образовен систем, ама, не и по отсуството на предметот „ историја“! Не е важно, фино звучи, напиша Силјановска


Слично

Поврзани вести