Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силјановска: Со закон не може да смените, ниту да дополните Устав

Силјановска: Со закон не може да смените, ниту да дополните Устав

Професорката по Уставно право и политички систем Гордана Силјановска – Давкова вели дека Законот за јазици излегува од Уставните рамки, но е надвор и од Рамковниот договор.

- Ветувањето на сегашната Влада беше дека пред да пристапи кон донесување на Закон ќе ја консултира пошироката стручна јавност. Тоа не се случи. Ова би го окарактеризирала како право во границите на политиката наместо обратно. Мислам дека е вака, затоа што со закон не можете да смените, ниту да дополните Устав тој мора да има уставен основ, за жал, овој закон ги надминува уставните рамки и е надвор од рамковниот договор, вели професорката за ТВ Нова.

Законот за употреба на јазиците веќе е во собраниска процедура за што се очекува жестока дебата, а делови кои се потенцијално спорни се доставени до Венецијанската комисија која треба да даде свое мислење, инаку истиот се носи со Европско знаменце што значи дека ќе се расправа и гласа во забрзана постапка.


Слично

Поврзани вести