Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силјановска со свој одговор за тоа зошто се иселуваат младите од Македонијса

Силјановска со свој одговор за тоа зошто се иселуваат младите од Македонијса

Според Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Македонија, младите од Македонија се отсеуваат најмногу во Италија, а покрај лошиот живот, како втора причина е и незадоволителниот образовен процес.

Ова меѓудругото како свој став го тврди професорката на средба со граѓаните при посетите во помалите градови во источниот дел од Македонија.

– Сите зборуваат како да се спречиме егзодусот на младите каде што нема млади, не се раѓаат бебиња, наталитетот паѓа, иднината ни е под знак прашалник и си велиме што е она што ги тера да бегаат од овде. Податоците велат дека 58% од анкетираните од младите, сметаат дека основната причина е лошите услови или лошиот живот. Е, сега колку е ова во хармонија со основното мото на партијата на власта и коалиционите партии, нели кои не убедуваа дека основната цел во нивната програма, во нивното дејствување е да го вратат животот во Македонија. Тој како да се преселил или како нашите млади луѓе да влеваат живот во некоја од соседните држави најчесто во Италија. Втората причина заради која си заминуваат младите од Македонија е некаде над 45% дека одат надвор заради лошото образование – рече Силјановска.

Според Силјановска, на власта и одговоара заминувањето на младите работоспособни сили, бидејќи „тие можат да направат демократски промени во Македонија“



Слично

Поврзани вести