Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силјановска со одговор ако стане претседател на која држава ќе и се заколне

Силјановска со одговор ако стане претседател на која држава ќе и се заколне

Неформално кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ја почна кампањата а веќе и го даде првото интервју. 

Силјановска во Сител интервјуто вели ќе ја почитува реалноста, но при секоја прилика ќе укажува на проблемот како е променето името на државата.

„Претседателот на Собранието ги распиша изборите на Република Македонија ако бидам претседател тогаш ќе чуете како ќе се заколнам, јас го почитувам уставот и законите и согласно со тоа ќе се однесувам кон заклетвите“, вели Силјановска.

-Јас ќе ја почитувам реалноста, а ниту ќе го вадам називот или ќе ги фрлам печатот, но при секоја прилика дома и надвор ќе укажувам на проблемот со кршењето на меѓународното задолжително право и Уставот на РМ, тоа е сферата на мислата а не на акцијата-потенцира Силјановска.

Таа меѓудругото потсети дека премиерот и министрите се заколнаа пред Уставот на РМ и во ниту една програма не најавила промена на името, но како што вели таа, тие немаат никаков проблем со тоа.

Слично

Поврзани вести