Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силјановска: Само зрел и голем човек може да побара прошка за сторена грешка и да се покае

Силјановска: Само зрел и голем човек може да побара прошка за сторена грешка и да се покае

„Прочка е ден што ме враќа во детството, ама неговата вистинска суштина ја разбрав дури кога пораснав. Бидејќи, само зрел и голем човек може да побара прошка за сторена грешка и да се покае, но и да даде прошка некому кој му згрешил. Прочка е христијански празник на помирувањето и простувањето како лек и за сопствената душа, но и за општествените рани. Како никогаш порано, сите ние треба да се обединиме околу оваа хуманистичка мисла“, пишува на социјаните мрежи професорката и кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Таа вели дека правната одговорност е друга работа: за неа постојат норми и процедури, кои кога не се почитуваат создаваат селективна правда, што е понекогаш и поголема неправда од првичното дело.

„Да си посакаме не само убав и спокоен ден со најблиските, па и со оние од кои сме се оддалечиле, но и да си посакаме оваа мисла да нѐ води низ целата година. Да бидеме совесни пред себе и пред Бога, за да не им грешиме на другите и да не застрануваме од патот на моралот, вредностите, совеста и правдата“, гласи пораката на професорката напишана на Фејсбук.

Слично

Поврзани вести