Силјановска потрошила повеќе од Пендаровски за изборите
Оливер Деркоски, претседателот на Државната изборна комисија денеска информираше дека тројцата кандидати за претседател на Македонија за медиумската кампања, исплатена од државниот буџет, чинела вкупно 3,76 милиони евра, додека за локалните избори во трите општини биле потрошени дополнителни 200 илјади евра.
-По кандидати за двата дела на кампањата до ДИК се доставени извештаи од медиумите и тоа за кандидатот Гордана Силјановска 88 милиони денари, за Стево Пендаровски 80.960.000 денари и за Блерим Река 50 милиони и 500 илјади денари, или вкупно околу 291 милиони денари, рече Деркоски.
Најголеми корисници на овие средства завршиле кај Сител ТВ со 10.5 милиони денари, Алсат ТВ со девет милиони денари, исто толку и Телма ТВ, Канал 5 со осум милиони денари и 24 Вести со 3.900.000 денари.
Членовите на Државната изборна комисија донеле одлука да не земат награда, односно надомест за изборните ангажмани, освен нивната плата.
