Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силјановска побара химна со зборови на спортски натпревар

Силјановска побара химна со зборови на спортски натпревар

Кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, вчера на митингот пред велешани критикуваше дека македонската химна на ракоментниот квалификациски натпревар помеѓу нашата и исландската репрезентација во СРЦ „Борис Трајковски“ се интонирала без зборови, по што познавачите на спортските прилики на социјалните мрежи реагираа дека тоа е секогаш така.

Замислете на денешната утакмица химната била интонирана без зборови. Епа се прашувам дали тогаш е слободна Македонија, ако е иредентизам да ја пеете химната, праша кандидатката за претседателка на државата Гордана Сиљановска Давкова на митингот во Велес.

„Дали е ова слободна земја и дали навистина не треба повторно да се бориме за право и правдини, ако Уставот ги пишува трите најважни симболи на државата меѓу кои и химната, покрај грбот и знамето. И се прашувам дали за власта важат законите оти има закон што се носи со 2/3 мнозинство, исто со какво се носи и Уставот за да се каже какво е значењето и јачината на химната, дали важи овој закон за премиерот и за владата. Се разбира сите се под Уставот и законите во слободна земја, ама јас се плашам дали оваа земја сè уште е слободна“, нагласи Сиљановска Давкова.

На социјалните мрежи веднаш се појавија реакции дека химните секогаш кога играат национални тимови се интонираат во инструментална верзија, а ја пее публиката и самите натпреварувачи. Исклучоци има освен ако домаќинот на натпреварот не ангажира вокал кој би ја извел пред почетокот на натпреварот, а тоа обично се случува во големи и значајни настани како финале или спектакл при гостување на атрактивен противник но без инструментална поддршка, реагираа љубителите на спортот.

Таа потсети дека во текот на преговорите за Преспанскиот договор кога рекла дека прво на удар ќе биде химната и одговориле цинично дека не било така и дека во преговорите химната ќе била задржана.

„Власта треба да знае дека химната е историска слика на Македонија. Химната е историски, национален наратив за граѓаните на Македонија. Не знам кој им дава право да ги тргнат зборовите од химната. Оти химната не е само музика. Химната е пишаното, историјата, болните зборови, битката за право и правдини. Но не знаат дека кога забрануваат ние уште посилно и попосветено ќе го правиме тоа. Сами ќе ја пееме химната гласно“, истакна Сиљановска Давкова.



Слично

Поврзани вести