Силјановска одговори зошто младите се иселуваат
Професорка и претседателски кандидат, Гордана Силјановска Давкова, вечерва во емисијата Отворено на ТВ Алфа изјави дека на средбите со граѓаните изминатиот период тие прашувале како се да спречи секојдневното масовно иселување на младите од државата.
„Се разбира статистиката е страшна, бидејќи над 58 проценти од младите велат дека си заминуваат зошто дома во Македонија не препознаваат живот, е сега како да им објасните оние кои победија под мотото живот, носат живот, сега не само што не овозможуваат за нив, туку и на оние кои остануваме животот ни е во прашање“, вели Силјановска Давкова.
Граѓаните раскажувале дека нивни блиски се иселувале и барале решение за овој проблем.
Слично
