Силjaновска образложи зошто се кандидира за претседател
Професорката Гордана Силјановска Давкова со видео се обрати во јавноста и објасни од каде е решеноста да аплицира за кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ.
„По долго размислување се одлучив да ја прифатам иницијативата на моите почитувани колеги“, рече професорката.
Таа бара поддршка од сите граѓани.
„Она што ме водеше во одлуката беше свеста за насушната потреба во Република Македонија од глас на разумот, глас на правото, правдата и моралот, глас на вистинските европски вредности“ – вели Силјановска Давкова во видео обраќањето објавено на Јутјуб.
Во ВМРО-ДПМНЕ се поднесени десет кандидатури од кои една е отфрлена.
Слично
