Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силјановска до Заев: Не сакам да бидам дел од концептот од ПИОМ да исчезнат 19 милиони

Силјановска до Заев:  Не сакам да бидам дел од концептот од ПИОМ да исчезнат 19 милиони

Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател му одговори на премиерот, Зоран Заев кој денеска изјави дека таа е надвор од актуелниот концепт на живот, надеж и живеење на огромно мнозинство од граѓаните, и надвор од концептот едно општество за сите. 

Таа на Фејсбук напиша дека на навредите и етикетите кон неа им се придружи и премиерот.

„Јас сум надвор од неговиот концепт на живот во кој работа има само за децата на неговите министри и владини функционери.  Надвор сум од неговиот концепт за живот во кој тендери има само за неговите соработници, пријатели, роднини и партиски другари. Не сакам да бидам дел од концептот во кој живеењето значи од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да исчезнат 19 милиони и никој да не одговара“, напиша професорката. 

Таа вели дека е надвор од моралните норми во кои во сообраќајка загинаа 15 луѓе, а никој не презема политичка одговорност за трагедијата.

Пет имиња влегуваат како фаворити во изборот на Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети за заеднички претседателски кандидат.

Слично

Поврзани вести