Силјановска имала понуда да настапи самостојно на изборите
Гордана Силјановска Давкова која беше кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ,
вели дека добила понуда од нашата дијаспора да настапи на изборите самостојно. Таа ова го изјави во Отворено на Алфа.
„Партиите се главни актери во изборната трка, сами не можете многу да сторите“, рече таа.
Таа вели дека е чудно тоа што верска заедница повика да се излезе на гласање, иако Македонија е секуларна држава.
Силјановска Давкова вели дека едно општество за сите може да биде само граѓанското општество, и ги отфрли обвинувањата кои ги имаше во кампањата дека била националист, или како што вели уште полошо ја нарекле „албанофоб“.
Слично
