Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силјановска го пофали Стоилов затоа што не го признава името „Северна Македонија“

Силјановска го пофали Стоилов затоа што не го признава името „Северна Македонија“

Гордана Сијановска Давкова на предизборниот митинг во Кавадарци за претседателските избори го истакна ракометарот Стојанче Стоилов како пример кој никогаш не би го користел терминот „Северна Македонија“.

Кандидатот за претседател на Македонија ова го кажа во контекст на победата на ракометниот клуб Вардар во финалето од СЕХА-лигата со што повторно стана регионален првак, додека играчот на македонската ракометна репрезентација е член на истиот клуб.

„Ова се нашите дипломати. Сите денеска зборуваат за Вардар, а јас сум сигурна дека Стојанче Стоилов нема да рече Северна Македонија. Покрај спортската дипломатија ќе развиваме и културна дипломатија, бидејќи некогаш уметноста, филмот, науката, можат да сторам многу повеќе од многу амбасадори и конзули“, рече Силјановска во својот говор од бината.


Слично

Поврзани вести