Силјановска го одложи првиот ТВ-дуел
Гордана Силјановска Давкова го одложи првиот ТВ-дуел со Стево Пендаровски и Блерим Река за претседателските избори.
Наместо утре, телевизиската дебата е поместена за в четврток на телевизија Телма, пренесува „Фокус“. Засега не се познати причините за одложувањето.
Покрај дуелот на Телма, закажани се уште на 12 април на МРТ, на 14 април на Сител и на 17 април на ТВ Алсат.
Силјановска за претседателските избори ја има поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски од сите партии во владината коалиција, додека зад Река стојат Беса и Алијансата за Албанците.
Слично
