„Не си ставам при срце, направив ненамерна грешка, се извинив. Знаете, ние во кампањата сме преоптоварени, одиме на различни места и може да се случат вакви несакани грешки. Ова покажува дека политичарите се само луѓе, дека не се совршени и дека и тие можат да погрешат. Според мене, пострашно е да ја промашите тезата зад која стоите, отколку да се збуните за име на град“, вели Сиљановска.
Таа пред новинарите рече дека е задоволна од првата телевизиска дебата со своите противкандидати. Дебатата според неа била жива, аргументирана и додаде дека се обидела да настапи во стилот на женскиот говор.
