Силјановска Давкова за власта: Чуму им е нов авион?
Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ прашува дали на власта не ѝ е доволен мерцедесот, па сега размислува и за нов авион.
„Ние пак сите слушаме дека богатите и скромни европски политичари претпочитаат економска класа за да заштедат пари. Крајно време е нашата власт да се приземји за да почне да ги решава проблемите. Проблемите не се на небото, туку на земјата. Чуму им е нов авион?! – прашува таа.
Силјановска Давкова се сретна со граѓани во Радовиш, а денеска беше и во посета на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.
Слично
