СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Тоа е нешто што мора однапред да се предвиди, не е прв пат ова да ни се случи
Тоа е нешто што мора однапред да се предвиди, не е прв пат ова да ни се случи, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за пожарот во Кочани кој однесе во смрт 51 лице.
Таа е пред Градската болница „Свети Наум Охридски“. Новинарката ја праша дали знае дека не постои веќе центар за изгореници.
„Не знам да ви кажам. Ова што го видов овде ми изгледа стручно. Не знам за центарот, добро што ми рековте, ќе прашам сега“, рече претседателката.
На родителите кои се таму, таа им понуди помош, ако нешто им треба да се јават кај неа.
Во Кочани има и 100 повредени.
Слично
