Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА ОДНОСИТЕ СО ГРЦИЈА: Дијалогот е здрава работа и ако нема взаемна почит нема да има резултат

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА ОДНОСИТЕ СО ГРЦИЈА:  Дијалогот е здрава работа и ако нема взаемна почит нема да има резултат

Претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова од Охрид денеска порача дека го почитува Преспанскиот договор, како и дека, „за разлика од други“, го почитува меѓународното право. Таа додаде дека начинот како ќе го користи името на државата е „лична определба, право што е загарантирано со повисоки акти од билатералните договори“.

„Се разбира дека имам план. Планот е градење добрососедски односи. Планот е нудење почит и барање самопочит. И мислам дека како што во политиката треба да се трага по уметноста на можното, ќе го направиме набрзо. Мојата прва изјава беше дека нема да одам по светот, дека сакам да се сретнам со соседите и мислам дека ќе го остварам тоа. Се разбира за разговор се потребни сите околу вас и ние немаме друг избор освен да разговараме. Дијалогот е здрава работа и ако нема взаемна почит нема да има резултат. Политиката бара дијалог и јас сум спремна да трагам по тоа и взаемно да ги надминеме проблемите“, изјави Давкова.

За предупредувањата од официјална Атина дека не е исклучена можноста од покренување постапка пред Меѓународниот суд во Хаг за непочитувањето на одредбите на Преспанскиот договор, Давкова потсети на претходните пресуди на истиот суд Грција не ги почитуваше.

Претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во интервјуто за грчката државна телевизија „ЕРТ“ рече дека ако Владата и премиерот сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека одат кај ВМРО - ДПМНЕ да се договорат за корисен договор. 

Слично

Поврзани вести