Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА НАВРЕДИТЕ НА КОЧОСКА КОН ПЕТРОВСКА: Не е лошо човек да се извини

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА НАВРЕДИТЕ НА КОЧОСКА КОН ПЕТРОВСКА:  Не е лошо човек да се извини

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова за навредите на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Собранието деновиве кон пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, рече дека не е лошо некогаш човек и да се извини. 

Претседателката тврди сите политичари, како и пратениците да внимаваат на говорот. 

„Не е лошо човек да се извини, не е лошо човек да рече дека можеби перцепцијата не е таква каква што требало да биде, намерата не била лоша намера-тоа мислам дека ќе доведе до надминување на ваквите проблеми“, изјави Сиљановска-Давкова. 

Инаку, за трошоците за живот, настана дебата околу одредени намирници, по што Кочоска ја праша Петровска врз основа на што ги става во уста мајките и како знае колку троши едно семејство, кога нема деца. Кочоска нагласи дека е мажена и дека има два сина. По ова од СДСМ, бараше Кочоска да се извини, но таа тоа не го стори и побара сличајот да се затвори.  Подоцна Кочоска праша кој треба да се извини, дали тоа треба да се го направи жена која макотрпно се борела да ги роди. 

фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова

Слично

Поврзани вести