СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ЕУ И МАКЕДОНИЈА: Ова е како да укинувате смртна казна, а викате ај уште овој да го егзекутираме
Ова е како да укинувате смртна казна, а викате ај уште овој да го егзекутираме, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за односот на Европската Унија(ЕУ) кон Македонија. Таа најави разговор со бугарскиот претседател Румен Радев, но без детали - кога и каде. Австрија се нуди да биде медијатор меѓу Македонија и Бугарија.
„Некогаш има патишта за разговор кои можеби, кога ги слушате само зборовите – не можеме да ги одгатнеме. Јас се разбира со помош на Кошта, заедно ќе разговарам со господинот Радев, Австрија се понуди за медијација на разговорите. Не се нудат членки на ЕУ за медијација ако работата е завршена и тоа е така одлучено. Бидејќи тоа не би било европски манир. Јас одговорно тврдам дека да барате од една држава да го смени Уставот е спротивно на европските принципи, бидеќи таму стои дека ќе се почитува националниот и културниот идентитет. И Обвинетото кралство се нуди за разговори“, рече Сиљановска.
Македонија не го исполни барањето за внесување на Бугарите во Уставот. Поради тоа е одвоена од Албанија, која лани ги почна преговорите и има шанси за две години да влезе во ЕУ.фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова
