Сиљановска-Давкова: Во Договорот со Бугарија нема член за промена на Уставот
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Париз изјави дека во Договорот со Бугарија нема член за промена на Уставот.
„Сите нè потсетуваат на pacta sunt servanda, дека навистина мора да ги почитуваме двата договора. Дозволете ми да ви кажам нешто. Постои член 7 во Преспанскиот договор кој вели: терминот Македонија за втората страна, безимена страна, значи територија, народ со сопствена историја, култура и јазик. А сега мора да разговараме со Бугарија за нашата историја, култура и јазик. Немам одговор, навистина. Доколку постои Договор за добрососедство и пријателство, ве молам обидете се да го проверите овој Договор за добрососедски односи и пријателство. Нема член за промена на Уставот, но сега мора да го промениме Уставот. И замислете, ова барање е вклучено во Преговарачката рамка и во заклучоците за нас. Значи, навистина, како да кажам, in dubio res“, рече таа.
За младите од земјите во регионот на Западен Балкан, претседателката рече дека тие не се или не персонифицираат бунтовници без причина, туку бунтовници со причина, кои себеси се перципираат како Европејци.
Но, за жал, додаде таа, сите овие 30 години се соочуваме со егзодус, односно најпаметните и најдобрите студенти заминуваат од Западен Балкан.
фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова
