Сиљановска Давкова вели дека во државата не владее правото
Професорката Гордана Сиљановска Давкова за Тв Алфа го критикуваше донесувањето на Законот за јазици.
Професорката Сиљановска Давкова потенцираше дека во државата не владее правото.
Таа вели дека во Парламентот законот не одеше по редовна постапка туку во скратена постапка со европско знаме и додава дека е прекршена и деловничката постапка.
„Денот на донесувањето, потпис на министерот да има. Одредбите што се усогласуваат и друго уште нешто ако ги нема овие елементи, а ги нема, може да провери секој и тогаш Претседателот на Собранието е должен да му го врати законот на предлагачот и да го потсети дека според деловничките одредби тоа е членот 136 мора најдоцна во рок од 15 дена да го дополни со бараните деловнички одредби. Тоа не беше сторено“ - рече Сиљановска Давкова.
Таа додаде дека народот треба да се замисли.