Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силјановска Давкова вели дека Устав не се менува како на берза

Силјановска Давкова вели дека Устав не се менува како на берза

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова вели дека Устав не се менува како на берза. 

„Ковачевски не си верува на себе или на заменик министерката за правда. Предлогот за хрватската Преамбула дојде од владата, но се разбира нашите министри и заменици читаат селективно и не знаат дека во правото интерпретацијата не може да биде механичка. Не може во набројаните малцинства да ги зацрните Македонците и да речите што и фали на Хрватска“, изјави пратеничката за „За или против“ на Алфа телевизија.

Таа истакна дека се чита Преамбулата како историска приказна, тоа е уставо-правната меморија.

Бугарија сака да учествува во процесот на уставни измени, но македонското Министерство за надворешни работи вели дека тоа е вантрешно прашање. 

Инаку, македонскиот премиер Димитар Ковачевски спомена македонски модел за промена на Уставот. 

Слично

Поврзани вести