Сиљановска-Давкова веќе ги потпишала измените на Кривичниот законик, објасни и зошто
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска – Давкова веќе ги потпишала измените на Кривичниот законик кој вчера беше изгласан во Собрание, а за којшто експертската јавност имаше забелешки особено за кривичните дела и санкциите за функционерите.
Вели дека ако ги анализира решенијата во однос на измените од 2023 година, ова е чекор напред.
„Не се сите добри, очекувам дека нов Кривичен законик, знам дека на него работи квалификувана група и претставници од ЕУ и дека ова е транзициско решение. Она што е важно во моментов е дека „Безбеден град“ нема да може да функционира ако не е проследено со решенија што значат санкционирање на сите повреди она што беше воведено во Законот за прекршоци, кривичните дела за безбедноста. Ги прифаќам овие измени само како транзициски за да може да имаме исчекор во поглед на санкционирањето на една од најтажните македонски приказни во сообраќајот, жртвите, заштитата на жените тоа ми е многу битно. Во поглед на построгите критериуми, подобро квалификуваните дела врзани за злоупотреба на службената положба ќе го толерирам ова само во пресрет на чекањето на новиот Кривичен законик. Според мене тој ќе биде клучен во судските реформи и сметам дека треба да биде донесен час поскоро. По разговори со предлагачот, со владата и по барање гаранции, ова нема да значи дека сме го решиле проблемот и одолговлекување на Кривичниот законик“,рече Сиљановска-Давкова.
Инаку, Платформата за граѓански организации испрати допис до претседателката и побара да стави вето на измените.
фото принтскрин
