Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Состојбата во која се наоѓа земјава бара од нас да не седиме како во ложа

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Состојбата во која се наоѓа земјава бара од нас да не седиме како во ложа

Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вели дека е време за национално единство во секој поглед. 

„Тешко носам одлуки, но стојам зад нив. Состојбата во која се наоѓа земјава бара од нас да не седиме како во ложа и да коментираме, туку да сториме нешто“, изјави Силјановска Давкова во „Тема на денот” на Сител телевизија.

Таа додаде дека уште една од причините поради кои се нафати на кандидатура е дека за секој од нас е тешко да чуе дека однадвор имаат поголем респект за државата, отколку државата за своите граѓани и граѓаните јасно ја гледаат ситуацијата во која се наоѓа државата.

„Мислам дека амбиентот сега е поинаков од минатите избори, граѓаните ги споредуваат мојата четири годишна работа во Собрание и пет годишната работа на Пендаровски. Покрај тоа консолидацијата во ВМРО-ДПМНЕ е на далеку повисоко ниво од минатите избори, некогаш и патот е важен како и резултатот“, рече таа.

Силјановска Давкова во однос на тоа какви каква кампања очекува и дали ќе добие поддршка од другите противкандидати во вториот круг изјави дека очекува витешка битка. 

Слично

Поврзани вести