Силјановска Давкова: Со гласовите на Река имаме 70.000 гласови разлика
Мора да се стави крај на транзиционите профитери, недоучени, нереализирани, фрустирани. Трчале од функција на функција и сега сакаат да завршат со највисоката - претседател на РМ рече вечерва Гордана Силјановска Давкова на прес конференција на која беше најавена како иден претседател на државата. Таа рече дека на земјата и треба нов профил на политичари, нов профил на политичка култура, нов профил на лидерство, кое не знае да импровизира
„Уште еднаш дозволете ми да се заблагодарам на ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата за Подобра Македонија што дадоа поддршка за некој однадвор како мене. За овие гласови да им се заблагодарам и на граѓаните кои биле аполитични, а гласале, на тие кои се разочарале од СДСМ и гласале за мене, за оние кои за прв пат гласале и гласале за мене. Ако се спореди бројот на гласовите за опозицијата и на оние кои гласале за Блерим Река и ако се собере со гласовите кои ги споменав разликата е повеќе од 70.000 гласови, рече Давкова
Таа побара предвремени парламентарни избори.
„Ги поврзувам претседателските со предвремени парламентарни. Да беше демократска власт уште вечерва ќе речеше да се тестира систем кој велиме дека е најдобар, ама народот не го вели тоа, вели Давкова.
Рече дека Македонија е пропадната држава и треба радикален пресврт.
„Ова што го слушаме вечерва е отворена поддршка за она што го правиме. Колку ќе удираат ниско, толку ќе се качуваме високо, вели Давкова.
