Сиљановска-Давкова: Секогаш кога ќе направиме чекор напред кон ЕУ, ни се спушта железна завеса
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека граѓаните на Македонија се разочарани и уморни од континуираните блокади на нашиот евроинтегративен пат.
„Секогаш кога ќе направиме чекор напред кон Европската Унија, ни се спушта железна завеса која не може да ја пробиеме“, рече претседателката.
Сиљановска-Давкова истакна дека како што секое камче е неопходно за стабилноста на мозаикот, така и Западниот Балкан е неопходен дел од европската целина, без кој ЕУ останува ранлива во услови на геополитички предизвици, војни и хибридни закани.
Претседателката укажа дека денес постојат нови, политички бариери што ја држат земјата во состојба на продолжена неизвесност и покрај децениските реформи и направените тешки компромиси. Вели дека македонските граѓани одамна ја покажале својата цврста определба за европската иднина и не им се потребни сожалувања и post-festum извинувања, туку навремени, ex-ante решенија за деблокада на евроинтеграцијата. Таа повика на обновена политичка волја и лидерство што ќе го заокружи процесот на проширување.фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова
Слично
