Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Сцените од меѓународниот натпревар Шкендија – Карабах беа реприза на кумановската трагична приказна

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Сцените од меѓународниот натпревар Шкендија – Карабах беа реприза на кумановската трагична приказна

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова реагираше  по повод сцените на натпреварот Шкендија Карабах. Таа ги оцени како ненаучена лекција.

„Сеопштата осуда на навивачкиот примитивизам на сите ни влеа надеж за цврста решеност за справување со овој неспортски феномен. Просветителски звучеа апелите за ставање крај на националистичките и шовинистички повици од трибините. Но, вчерашните сцени од меѓународниот натпревар Шкендија – Карабах беа реприза на кумановската трагична приказна. Хипокризија и цинизам е селективното реагирање на неспортскиот вандализам. Само со заедничка доследна и бескомпромисна битка со шовинистичките изблици, без оглед чии се, ќе градиме здраво општество“, напиша претседателката на Фејсбук. 


Инаку, таа претходно го осуди и скандирањето во Куманово. 
фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова

Слично

Поврзани вести