Силјановска Давкова повлече потег по контроверзните помилувања, ги свика членовите на комисијата на состанок
Претседателката Гордана Силјановска Давкова ги повика шестемината членови на Комисијата за помилување попладнево на состанок во вилата „Водно“.
Ваквиот потег на претседателката следи по жестоките реакции во јавноста околу некои од имињата кои се најдоа на листата за намалување на затворските казни по повод празникот Денот на македонската револуционерна борба,
Еден ден по помилувањето, Акиф Равмановски, еден од водачите на криминалната група „Барон“ од скопски Чаир, денес беше пуштен од затворот „Идризово“ каде издржуваше казна од 1 година и три месеци заради нелегално поседување на оружје бидејќи беше помилуван од претседателката Сиљановска – Давкова и казната беше заменета со условна и веднаш уапсен. Но, веднаш беше уапсен под сомнение за обид за убиство во инцидент кој се случи пред десетина дена во скопски Чаир, кога беше застрелан член на ривалскиот клан од селото Грчец, инаку баран со меѓународна потерница.
Не стивнуваат ниту реакциите и кај политичките партии и кај стручната фела околу дел од амнестираните лица.
