Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ПО СРЕДБАТА СО БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР: Разговаравме за потребата оној кој е веќе внатре да му помогне на оној којшто оди кон ЕУ

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ПО СРЕДБАТА СО БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР: Разговаравме за потребата оној кој е веќе внатре да му помогне на оној којшто оди кон ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која ја предводи македонската државна делегација на Самитот на НАТО во Хаг,  се сретнала со бугарскиот премиер Росен Жељазков.

Рече дека имале пријатен и пријателски разговор за време на кој ги допреле темите за нужноста од меѓусебно разбирање и почитување.

„Имав пријатен, протоколарен, пријателски разговор со бугарскиот премиер вчера пред вечерата. Разговаравме за нужноста од меѓусебно разбирање без посредување, за потребата да се почитуваме, да го следиме духот на двата народи, да си помагаме и за потребата оној кој е веќе внатре да му помогне на оној којшто оди кон ЕУ“, рече Сиљановска-Давкова во изјавата за ТВ 21.

Претседателката додаде дека верува во потребата за пријателство и дека тоа ќе се случи и е нешто што е неминовно.

Слично

Поврзани вести