Сиљановска-Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат и други барања
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по средбата со бугарската потпретседателка Илијана Јотова во Софија, изјави дека уставните измени не се единствениот услов за деблокирање на евроинтегративниот процес на Македонија.
Таа посочи дека постојат и дополнителни барања поврзани со протоколите и работата на историската комисија, нагласувајќи ја потребата од отворен дијалог и појасни гаранции во однос на процесот со Европската Унија(ЕУ).
„Не се во прашање само уставните измени, туку се во прашање и други барања поврзани со протоколите што произлегуваат од работата на историската комисија“, изјави таа.
Претседателката посочи дека целта на средбата била да се слушнат позициите на другата страна и да се даде шанса за понатамошни разговори.
Сиљановска-Давкова нагласи дека е неопходен конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија, наместо дополнителни условувања што го усложнуваат процесот.
„Сакавме да ги слушнеме нивните позиции и да дадеме шанса на разговорите, наместо да останеме во монолог“, рече таа.
Таа додаде дека засега може да открие само дека барањата не се ограничени на уставните измени, што укажува на комплексноста на преговарачката рамка.
фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова
