Силјановска Давкова оствари телефонски разговор со Зеленски: Поддршката за Украина продолжува
Претседателката Гордана Сиљановска Давковa оствари телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во кој било нагласено дека продолжува поддршката за Украина.
-Во разговорот со украинскиот претседател Зеленски, претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи нашата цврста и недвосмислена поддршка кон Украина во однос на неиспровоцираната и неоправдана руска воена агресија. Осврнувајќи се на меѓународното право, принципите на Повелбата на ОН и Статутот на Советот на Европа, претседателката рече дека украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво и пријателство во справувањето со историскиот предизвик со трајни и несогледливи последици, се нагласува во соопштението.
За разговорот потврди и самиот Зеленски на социјалните мрежи. Двајцата претседатели ќе се сретнат за прв пат на престојниот Самит за мир во Швајцарија. Зеленски објави и дека ја поканил Силјановска Давкова да ја посети Украина.
Слично
