Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сиљановска-Давкова: Ние сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ

Сиљановска-Давкова: Ние сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека Македонија не само што чекори рамо до рамо со водечките кандидати за членство во Европската Унија(ЕУ), туку во одредени сегменти е и пред некои од нив.

Во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, таа нагласи дека пристапниот процес треба да се води врз основа на факти и критериуми, а не на, како што рече, ирационални барања.

„Тоа покажува дека не само што сме рамо до рамо со главните претенденти за брзо членство во ЕУ, туку сме и подобри од некои од нив“, истакна Сиљановска-Давкова.

Таа посочи дека македонското законодавство во голема мера е усогласено со европското, што, според неа, е дополнителен аргумент за напредокот на државата во евроинтегративниот процес.

Слично

Поврзани вести