СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Не сум видела натпис во Грција со „Северна“
Не сум видела натпис во Грција со „Северна“, изјави претседателката Гордана Сиљановска - Давкова во интервју на Канал 5.
„Барам разбирање, го имаме Преспанскиот договор, се смени Уставот, сменивме документи, дури и шахтите ги сменивме, време е другата страна да покаже кооперативност. Ако зборуваме за демократија треба сите да внимаваме што бараме. Крајната десница е евроскептична и нема разбирање за проширувањето, а како што гледаме тие сили во време на војна се во пораст. Да беа совесни и етични тие во судскиот совет по сите скандали, сами ќе си поднесеа оставки. Ако треба постојано да внимаваме на етничка застапеност, во еден орган каде што има многу моќ јас ставив две жени“, вели таа.
Укажа и дека Македонија ги смени документите поради Договорот од Преспа, а Грците уште не ги замениле таблите кај нив.
