Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силјановска Давкова не отпатува во Париз, се расипал владиниот авион

Силјановска Давкова не отпатува во Париз, се расипал владиниот авион

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова била поканета, но не замина во Париз на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз.

Како причина се издвојува дефектот на владиниот авион, соопшти вечерва Кабинетот на претседателката.

- Во врска со информациите на дел од медиумите дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова учествува на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, Кабинетот на претседателката информира дека таа не замина во Франција, се наведува во соопштението.

За ова бил известен и самиот претседател на Франција, Емануел Макрон, кој е домаќин на светскиот настан на кој се поканети голем број на лидери.

Слично

Поврзани вести