Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силјановска Давкова: Не ја разбирам Декларацијата на СДСМ за „црвени линии“

Силјановска Давкова: Не ја разбирам Декларацијата на СДСМ за „црвени линии“

Претседателката Гордана СИлјановска Давкова денеска како одговор на новинарско прашање изјави дека не го разбира предлогот на СДСМ за Декларација со „црвени линии“ за евроинтеграциите закочени од страна на Бугарија.

- По толку бели линии, сега да зборувате за црвени линии е апсурдно. Ние имаме Декларација и тоа неколку во Собранието и не беа почитувани. Ние дури референдумски резултат не почитувавме, а камоли црвени линии. Не разбирам што значи црвена линија во овој поглед, особено не ја разбирам аргументацијата дека „доколку сепак посегне соседот по вето, ние тогаш ќе ги прекинеме преговорите“. Да, ќе ги прекинеме преговорите и тоа му одговара на соседот, ама ќе го смениме Уставот по 37-ми пат, рече денеска претседателката.

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, најави дека неговата партија до петок ќе ја официјализира Резолуцијата со црвени линии во однос на францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Тој изјави дека иако ги разбира граѓаните кои на изборите се изјаснија против внесување на Бугарите во Уставот, тоа е барање што доаѓа од Европската Унија, а неправењето ништо би било најлоша опција.


Слично

Поврзани вести