Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силјановска Давкова: Не е предвремено полагање правосуден испит со стекнати 180 кредити, две години пред да завршите факултет

Силјановска Давкова: Не е предвремено полагање правосуден испит со стекнати 180 кредити, две години пред да завршите факултет

Професорката Гордана Силјановска Давкова вели дека можноста за дискреционо постапување во смисла на овозможување предвремено полагање на правосуден испит нема врска со стотиците случаи за кои зборуваме. 

„Се работи за полагање правосуден испит без завршен Правен факултет, како conditio sine qua non, односно без стекнат статус на дипломиран правник. Не е предвремено полагање да „полагате” правосуден испит со стекнати 180 кредити, односно две години пред да завршите факултет, ниту дискреционото овластување покрива такво постапување“, вели таа. 


Ваков случај имаше со синот на спикерот Талат Џафери. 

Не можевме да откриеме кој е тој што му дозволил на Барлет Џафери да полага предвреме, изјави претседателката на комисијата за спречување на корупција, Билјана Ивановска. Таа негира дека не сакале да постапуваат, туку едноставно ги исцрпиле инструментите и истрагата со тоа завршила. Но, тој не бил единствениот. 

Слично

Поврзани вести