СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека навредлива е бугарската Резолуција за Македонија.
Таа очекува во Европскиот парламент (ЕП) да биде поддржана Резолуцијата која ги гарантира македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Во спротивно, како што кажа, тоа многу лошо ќе зборува за демократскиот капацитет на ЕП. Претседателката не може да прецизира дали на претстојниот Самит на НАТО во Хаг ќе има средба со бугарскиот колега Румен Радев.
„Ова е уште една, веќе имало неколку резолуции, меморандуми и сите се повикуваат на нив. Се разбира, навредливо е такво нешто да се направи зашто во стартот го оневозможувате заедничкото чекорење низ дијалог. Суштината на Преамбулата во Договорот за добрососедство и пријателство е таа, да помагаме. Можете да помогнете некому со разбирање. Мислам дека не е во ред. Се разбира, во друга држава сега би следела иста таква декларација во Парламентот, но мислам дека аргументите што ги изнесуваме, иако многу велат ништо не сме правеле во овој период, јас тврдам дека немало претседател, министер, премиер со кој сум седела, а не сум му ги објаснила нашите позиции ама не низ призма на нашиот Устав, туку низ призма на нивните уставни документи. Ако не се почитуваат тие, тогаш не може ЕУ да биде филозофија оти филозофија, што би рекол господинот Макрон ама и студентите на Сорбона, без почитување принципи и вредности нема, без нив ЕУ не е политичка заедница, туку е политичка и бирократска машинерија. Тоа не треба да биде ЕУ и сите сакаме да бидеме во ЕУ зашто е инспиративна или според актите, а и според постапувањето токму во поглед на почтиувањето на овие принципи и вредности“, вели Сиљановска-Давкова.
Инаку, бугарски и грчки европратеници со 300 амандмани се противат „македонски јазик и идентитет“.
фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова
