Силјановска Давкова: Колегите претседатели се шегуваат со мене за владиното авионче
Претседателката Гордана Силјановска Давкова ја поддржува намерата на Службата за општи и заеднички работи да се купи нов владин авион. Според шефот на државата, актуелниот „лирџет“ е мал и стар.
- Владиното авионче, како што ми велат колегите од регионот, е тоа на браќата Рајт, бидејќи е најмало и најстаро. Јас можам да кажам за мене. Потребата од владиното авионче понекогаш овозможува функционално извршување на државната работа, ама и поевтина отколку користењето комерцијален лет.
Старо е 25 години и купено на старо.Самите колеги претседатели ми велат дека е порационално да се купи поголем авион. Тогаш ќе може да летаат и да се враќаат повеќемина, а ќе можеме да носиме и новинари,рече Силјановска Давкова на барање на новинарите за свој коментар.
