Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Кога нема да го направите тоа што сте го ветиле треба да си заминете, ние доаѓаме

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Кога нема да го направите тоа што сте го ветиле треба да си заминете, ние доаѓаме

Kaндидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вечерва од митингот во Скопје порача дека власта многу ветувала, но ништо не исполнила. 

„Кога нема да го направите тоа што сте го ветиле треба да си заминете, ние доаѓаме“, изјави таа. 

Таа вети дека ако стане претседател на државата повторно ќе ја отвори Народната канцеларија на претседателот, која беше отворена од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Рече дека нема да оди надвор од Македонија и да преговара без да оствари консензус за клучните прашања за државата.

„Само најуспешните, најстручните и најпочитуваните можат да ни ја вратат гордоста и така веќе нема да бидеме најнесреќниот народ“, порача Силјановска Давкова. 

Со митинг, ВМРО-ДПМНЕ ја почна кампањата за претседателските избори. 

Слично

Поврзани вести