Силјановска Давкова ќе одржи средба со Шекеринска и лично ќе и честита
Претседателката Гордана Силјановска Давкова доцна синоќа се огласи по назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО со информација дека утре ќе биде организиран прием.
„Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО.
На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот. Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата“, објави Силјановска Давкова.
Слично
