Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сиљановска-Давкова кажа кој датум е клучен за проширувањето на ЕУ

Сиљановска-Давкова кажа кој датум е клучен за проширувањето на ЕУ

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека клучен датум за иднината на процесот на проширување на Европската Унија(ЕУ) е 30 септември, кога Европската комисија треба да излезе со извештај за новиот пристап кон проширувањето. 

Во интервју за Канал 5 телевизија, Сиљановска-Давкова рече дека на 30 септември Европската комисија првпат ќе го претстави моделот според кој ќе се одвива натамошниот процес на проширување, а потоа во октомври за истите прашања ќе расправа и Европскиот совет.

„Тоа се моментите што нам ни се важни за да ги процесуираме чекорите што сепак се можни и се договараат“, изјави претседателката.

Осврнувајќи се на односите со Бугарија, таа изјави дека по неодамнешните контакти со бугарскиот претседател Румен Радев гледа простор за интензивирање на дијалогот и за барање заеднички решенија.

„Заклучокот е дека треба многу напор, многу добра волја за да чекориме некако. Треба нешто заедно да инвестираме за да дојдеме до некакво решение“, истакна Сиљановска -Давкова.

Таа нагласи дека Бугарија по прашањата кон надвор настапува усогласено, без оглед на политичките разлики.

фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова

Слично

Поврзани вести