Силјановска Давкова: Kако професор по уставно право ме загрижува посетата на голем број меѓународни претставници
Македонија е една од ретките земји каде Уставот не се смета за најсуверено прашање, вели пратеничката oд ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.
Таа во своето гостување во емисијата „За или против“ зборуваше за доаѓањето на претставници на меѓународна заедница во Mакедонија каде посочи дека тоа е загрижувачко.
„Сигурно како професор по уставно право ме загрижува посетата на голем број меѓународни претставници, зошто нема посуверено прашање од Уставот, впрочем Уставот е не само закон над законите, највисокиот правен акт туку своевидна општествена повелба и се разбира кога се пишува Устав се тргнува од што, секогаш првиот или вториот член е суверенитетот, извира од граѓаните и им припаѓа ним. Всушност и во актите на ЕУ, во договорот за ЕУ, убаво пишува дека ЕУ ќе ги почитува не само традицијата, историјата, националниот и културниот идентитет на народите, туку и дигнитетот и интегритетот на луѓето, но исто така и политичките и уставните структури“, рече таа.
Силјановска Давкова потсети дека многу земји членки на ЕУ воопшто не интервенирале во своите устави дури и по влегувањето во ЕУ.
