Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА:  Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска оствари средба со Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО.

По средбата, претседателката ја истакна важноста на оваа функција за меѓународната позиција на Северна Македонија.

„Имав пријатна средба и плоден разговор со новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО, госпоѓа Радмила Шекеринска. Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание,“ изјави претседателката.

Таа ја нагласи важноста на единството и консензусот меѓу носителите на највисоките државни функции. 

Слично

Поврзани вести