Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО: Нашите мисли се со сите погодени од трагичната несреќа во Нови Сад

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО:  Нашите мисли се со сите погодени од трагичната несреќа во Нови Сад

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва изрази сочувство до семејствата чии членови загинаа во денешната несреќа во Нови Сад во Србија каде се урна натстрешница од Железничка станица.

„Нашите мисли се со сите погодени од трагичната несреќа што се случи денеска на Железничката станица во Нови Сад. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување“, напиша Силјановска-Давкова на Фејсбук.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека во текот на истрагата по уривањето на дел од зградата на Железничката станица во Нови Сад.

Во Србија утре е прогласен Ден на жалост.

Засега има 15 загинати, а меѓу нив е и еден македонски државјанин. 

Слично

Поврзани вести