Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сиљановска-Давкова: Искрено посакувам празничниот ден да го поминете во мир, хармонија, радост и среќа

Сиљановска-Давкова: Искрено посакувам празничниот ден да го поминете во мир, хармонија, радост и среќа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед.

„Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, како и на сите верници од православна вероисповед, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Искрено посакувам празничниот ден да го поминете во мир, хармонија, радост и среќа. Култот кон мајката Божја е сведоштво за нашиот непоколеблив дух и вера во неа, како и за важноста на мајчинството, безусловната љубов и семејните вредности. Пресвета Богородица, како заштитничка на мајките и децата, има особено место во нашите храмови и домови, а најмногу, во нашите срца. Не случајно, посетители на бројните цркви и манастири, посветени на Богородица, не се само христијани, туку и припадници на други религии. И годинава, празникот Успение на Пресвета Богородица ќе го поминеме заедно со најблиските. Очекувам да ја надминеме духовната и морална криза и да им се вратиме на вистинските човечки вредности. Нека ни е честит и вечен празникот!“, додава претседателката. 

Денеска е неработен ден за православните верници. 

фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова

Слично

Поврзани вести