Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сиљановска-Давкова: Имам разбирање за Украина, исто така и за Молдавија, меѓутоа не можам, а да не кажам дека Западен Балкан е многу понапред

Сиљановска-Давкова: Имам разбирање за Украина, исто така и за Молдавија, меѓутоа не можам, а да не кажам дека Западен Балкан е многу понапред

Според претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија, двете земји кои вчера почнаа преговори со Европската Унија(ЕУ). 

Сиљановска-Давкова оцени дека иницијативите за ограничување на можноста за користење вето во процесот на проширување на Европската Унија претставуваат позитивен исчекор, но нагласи дека е прерано за конечни оценки додека не бидат објавени официјалните документи. Таа смета дека пречките со кои се соочува Северна Македонија на евроинтегративниот пат се „ирационални“ и повика фокусот да биде ставен на исполнување на копенхашките критериуми.

„За мене што е добро, што за првпат се релативизира или има обид за релативизација на ветото. Многу пати сум рекла дека мене не ми е сосема јасно дека ветото е право на сите членки на Европската Унија, меѓутоа и чекорот од состојбата во којашто сме – кога 26 држави можат да речат дека е акцискиот план сосема во ред, дека има високи стандарди, има заштита на слободи и права, вклучувајќи ги и малцинските, и тоа го потврдуваат државите – и сега една вели „не““,  рече Сиљановска-Давкова.

Европската Унија, вели, треба да најде механизми што ќе спречат блокирање на проширувањето поради, како што рече, идентитетски и историски причини, наместо поради исполнување или неисполнување на европските критериуми.

Во однос на напредокот на земјите кандидати, пак, претседателката посочи дека Западен Балкан е значително понапред во процесот од некои други кандидати.

„Имам длабоки чувства и разбирање за Украина, исто така и за Молдавија, меѓутоа не можам, а да не кажам дека Западен Балкан е многу понапред од нив. Скринингот тоа го покажува… Пречката кон нас е ирационална според мене“, рече Сиљановска-Давкова.

Говорејќи за македонско-бугарските односи и изјавите на поранешниот член на Заедничката историска комисија Огнен Вангелов, таа рече дека неговите оценки за улогата на протоколите во процесот се основани и произлегуваат од непосредното искуство во работата на Комисијата.

фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова

Слично

Поврзани вести