Силјановска Давкова и Радев заедно ќе гледаат опера
Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова в петок ќе присуствува на гостувањето на Македонската опера и балет во Софиската опера и балет, а според најавите пласирани од некои медиуми, таа таму за прв пат ќе се сретне со бугарскиот колега Румен Радев.
Македонската опера во Софија ќе се претстави со „Набуко“ од Џузепе Верди. Неофицијално, на операта ќе присуствува и претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.
Од она што официјално се знае, Сиљановска ќе биде придружувана од министерот за култура Зоран Љутков и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Во мај на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители во Ватикан не дојде до средба помеѓу Силјановска Давкова и Радев, иако и двајцата претседатели беа на прием кај папата Франциск. од кабинетот тогаш рекоа дека средбата ќе биде „во некоја друга прилика“.Инаку денес македонската претседателка ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Бугарија, Желјазко Радуков.
Слично
